• сабота, 23 ноември 2024

Обуки за намалување на отпад од мебел, презентација на алати па практична примена 

Обуки за намалување на отпад од мебел, презентација на алати па практична примена 
Кавадарци, 14 април 2022 (МИА) - Обука со презентација на алати што се користат при преработка на мебел и за што точно служат. Ваква активност беше спроведена денеска во Кавадарци, во рамките на проектот за намалување на отпад од мебел, дрвен отпад и текстил преку реупотреба и зголемување на социјалната вклученост во општината. - На чекор сме до практичната примена, откако претходно имавме две други обуки. Најпрвин учесниците се запознаа со алатите и заштита при работа, како и видови на материјали, полупроизводи и производи што може да бидат предмет на реупотреба на мебел. Потоа се осврнавме на заштитата при работа како многу важен елемент при работа со мебел. Се стекнаа знаење за правилно користење на заштитна опрема и кои мерки се неопходни за заштита при работа. Се научија видовите на материјали од дрво и на база на дрво и како да се препознаваат материјалите што се користат при изработка на мебел, информираа попладнево од Здружението „Еко-живот“. Овој регионален еко-центар го имплементира проектот, во соработка со средното општинско земјоделско шумарско училиште „Ѓорче Пeтров“, кавадаречката локална самоуправа и јавното претпријатие „Комуналец“. - Проектот е финансиран од Програмата за мали грантови (ПМГ) на Глобалниот еколошки фонд (ГЕФ),  „Еко-живот“,  училиштето „Ѓорче Пeтров“ и општината Кавадарци, потсети Роберто Паризов, претседател на „Еко-живот“ и координатор на проектот. свд/мс/

Остани поврзан