• среда, 02 октомври 2024

Облачно со слаб до умерен ветер од северозападен правец

Облачно со слаб до умерен ветер од северозападен правец
Скопје, 9 февруари 2022 (МИА) - Времето умерено до значително облачно. Во раните утрински и претпладневни часови во североисточните и источните подрачја ќе провејува слаб снег. Попладне вдолж Повардарието ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. До крајот на денот облачноста ќе се намалува. Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 3, а максималната ќе достигне од 5 до 13 степени. Во Скопје, претежно облачно, кон крајот на денот облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне 8 степени. Во следните денови времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и пораст на дневните температури. Во четврток и петок по одделни котлини ќе има појава на утринска магла и таму температурата ќе се задржи пониска. Во сабота попладне и во текот на ноќта кон недела ќе има слаби локални врнежи од дожд.
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан