• петок, 26 јули 2024

Облачно со врнежи од дожд, кои повремено и особено во повисоките делови ќе преминуваат во снег

Облачно со врнежи од дожд, кои повремено и особено во повисоките делови ќе преминуваат во снег
Скопје, 27 февруари 2022 (МИА) - Времето ќе бидеоблачно со врнежи од дожд вдолж пошироко Повардарие, а на планините и на повисоките места со врнежи од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови. До крајот на денот врнежите ќе преминуваат во снег и на некои пониски места. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал -1 до 6, а максималната од 0 до 8 степени. Во Скопје облачно со врнежи од дожд, кои повремено и особено во повисоките делови ќе преминуваат во снег. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне 6 степени. Од овој бран на врнежи пообилни врнежи (понекаде до 20 л/24ч) ќе има во западните делови. До понеделник наутро снежната покривка на планините значително ќе се зголеми и ќе се формира нова на повеќе места, особено во западните делови каде локално ќе наврнат и над 20 см нов снег. Во понеделник врнежите ќе се послаби, а во вторник ќе има услови за провејување на снег со послаб интензитет. До среда ќе дува повремено засилен северен ветер, а температурата значително ќе се намали особено утринската.

Остани поврзан