• сабота, 23 ноември 2024

Обичаи и верувања

Обичаи и верувања
10 февруари 2021 (МИА) Народна филозофија Македонски народни гатанки Пушка Елбет-бег царев зет на кол висит, зло ти мислит. Царски зет на клин висит, зло ти мислит. На рамо је носиш, а зло ти мислит. Со газот јајт, со устата серит. Дома на клин висит, а зло ти мислит. Угоре ојт, удолу се пулит. Имам едно нешто – душа нема, души губе. Пчела Чудна ми чудна девојка, на чуден камен седеше, чудна ми песна пееше. Темни, темни девојки, темен дуќан седее, темна песна пејее. Шило бодило, низ гора одило, траг не оставило Пченка, мамули Одгрни си парталите, фати си за доброто. Разбој Појдов низ леска, нешто ми свреска, фрлив со грутка, ми посака дупка. Рак Иво се возит на осум лози и напрет ојт и назад ојт, сам Господ се чудит како се возит. Црн клај го, црвен извај го. Ракавица: В месо влази, живо не је. Ракија и вино Кинисала бела Рада на гости да оди у Црвенка, бела Рада да поигра на трпеза пред вечера; сите гости изнасмеа. Црвенко е завиде, по вечера се разигра, многу гости испокутка. Ралник Сив гулаб по поле лета. Сив сокол под земја летат. Син гарван под земја лита. Сијн гал’п пот земи лете. (Палишникот) Имам една сестричка дење оди под земја, а вечер под стреата си легнува. Расол Ж’лти правци в тиња лежат. Ж’лто прасе в тиња лежит. Рачка (од котел) Преку рид капина. Река Д’лга Неда сенка немат. Рж. Растов, растов девојчински, се поклонив невестински, ме секова како роба (роб), ме влекова како була, ме толкова по глаа како змија. Риба Ја пљуни тебе, ти пљуни мене. П’лн вир иверки. Роце: Се ткај, се преди – се голи, пак голи. Саат Цел ден ојт, а од место не се помрдвит. Без душа, а ојт. Си имаф едно братче, по цел ден ојт на едно место стојт. Сач и црепна Баба се чекорит, дедо се топорит. Свеќа У тевно види, у видело жмури. Свешник Мало чоече, големо сенче. Свиња Нишчо не је болит, а јачит, ништо не заѓинала, а барат. Месото му се јајт, а млекото не му се пијат. Болен не ет, а офкат. Сврдел Надолу ојт, нагоре серит. Уш магаре в кошара, ушите не влагат. Едно магаре в пондила, ушите надвор. Имам си едно магаренце мршата му флиза у куќи, а самаро му остануие надвор. Секира Бесна кучка в гори лаит. Викат Вида од голема рида. Самовила вила по гора се вила, дома дошла, зад врата се скрила. Гора мрази, нема душа, глас се слуша. (Балтија). Синџир Виено, плетено, на судни моки кладено. Суткано, виткано, на судни маќи клаено. (Синџир над оган) Сито Викат Вида од висока рида, подајте ми го шандалото бандалото, да пошанда, да побанда, пак ќе ви го донеса. Сив коњ сереше, мајка береше. Скорни Копам дупка до колена. Славеј Бесцен камен седеше, чудна песна пееше. Слива: Ванка му јастието, фнетре му грнето. Смоква: Една торба п’на семе. Една торба многу вошки. П’лн амбар просо. П’лна уста гниди. Снег: Бел е като шиќер, ама не е шиќер. Бел пес на герамиди. Бел коњ дрисна, сето поле стисна. Бел чаршав цела земја покрил. Шчо имаше еден покров се покрива, саде Вардар не покрива. Си имав едно покровче, се виљает покрив, сестра си не можа да ја покрија. (Подготви Марко Китевски)

Остани поврзан