• вторник, 24 декември 2024

Обичаи и верувања

Обичаи и верувања
11 мај 2021 (МИА) Народни верувања од Кратовско  Змеј, аждер и ламја се скоро едно и исто. Змејот има крилја, нос и опашка. Змеевите живеат по планините, водите и воздухот. Змеевите бегаат од зли билки, омразни. Јунаците личат на змеевите, а змеиците имаат долги коси. Змеевите одат по луѓето. Змеевите си грабаат невести. Змеевите љубат моми и невести, од тоа тие моми и невести се жолти, пупуњави. Змејот во помал вид се претставува како смок и змија. Епитетите на змејот се: аждер ненаситен, змеј огнен (Огнен – син Марков, Огнена Марија – света Богородица) змеј горјанин – (Змеј Горинич во руската поезија), од голема фара, змија тројноглава, змија љутица, змија усојница, змија пепељуша, сура змија мршоедна, кучка ламја. Змејот сака човечки жртви особено моми. Самовилите со итрост ги лажат змејовите и владеат над змиите, една самовила јава сури елен, узенгии до две љути змии (во грчката поезија ерините) кај нас деветте сестри арменки немаат ли нешто општо? Се припекол како змија. Се разљутил како змија. Свири како змија. Чист како гулаб, а итар како змија. Зла змија (за љута жена). Љута като змија. Змијата се вие, а пак во дупката право влегува. Змијата ги сака свирците. Два се змеја на планина сбили, од сила им матен Дунав тече. Неда пила ношна вода, та испила љута змија с две глави, три опоашки. Ѓаволот го излагал човекот преку змијата (од светото писание) Се стискаат како змија во змијарница. Змија да ти го пресече патот не е на добро. Од змија косми не се газат. Од кожата на змијата се кадат да не ги фаќа треска. Рокчињата на змијата ако се наоѓаат кај чќовекот му носат полза. Секоја сабота змијата го исфрла отровот и собира нов. Кој ќе ги види нозете на змијата ќе бие многу богат. Змијата имала нозе што ги криела и кој ќе ги види нозете на змијата ќе умре. Ако видиш змија по заоѓањето на сонцето ќе умреш. Има змии кои ги омајуваат пилињата со очите. Амо видиш две змии составени и да ги покриеш со крпа ќе станеш богат. Рокчињата на змијата, ако ги ајде човек ќе има полза. Од змија коски не се газат. Ако и речеш на некоја змија „студено железо“, таа веднаш се скаменува. Змијата додека не се превртела три пати не се пуштала од тој што ќе го каснела. Спроти Еремија, први мај, жените чукаат железо околу куќата при што велат: „Бегајте змии, гуштери Еремија иде!“ Од записите на Ефрем Каранов. (Подготви Марко Китевски)

Остани поврзан