• вторник, 24 декември 2024

Обезбедувањето на премиерот на Хаити мораше да пука заради безбедност при негова посета на болница

Обезбедувањето на премиерот на Хаити мораше да пука заради безбедност при негова посета на болница

Порт-о-Пренс, 30 јули 2024 (МИА) - Обезбедувањето на премиерот на Хаити, Гери Конил, мораше да пука заради безбедност при неговата посета на болница во Порт-о-Пренс, што некогаш беше контролирана од банди, соопшти денеска кабинетот на премиерот на Хаити.

Конил, со шефот на националната полиција Нормил Рамо и новинари, вчера ја посети најголемата болница на Хаити, а за време на неговата посета пред зградата имало истрели.

Припадниците на обезбедувањето испукале неколку истрели додека Конил и началникот на полицијата ја напуштале болницата.

„Премиерот и неговиот тим целосно безбедни ја напуштија болницата и беа вратени во неговата канцеларија“, се вели во соопштението.

Засега нема информации дали во инцидентот има загинати или повредени. паг/

Остани поврзан