• четврток, 18 септември 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Камбоџа ги отфрла обвинувањата на Тајланд за кршење на прекинот на огнот на три различни точки долж нивната спорна граница

Камбоџа ги отфрла обвинувањата на Тајланд за кршење на прекинот на огнот на три различни точки долж нивната спорна граница

Пном Пен, 30 јули 2025 (МИА) - Камбоџа останува цврсто посветена на зачувување на мирот по секоја цена и категорично ги отфрла неодамнешните обвинувања од Тајланд, објавија медиумите во Камбоџа.

-Во текот на изминатите три децении, мирот стана суштински дел од идентитетот на Камбоџа. Мирот беше постигнат на 29 декември 1998 година, преку Политиката за заемна победа иницирана од Хун Сен, поранешен премиер и сегашен претседател на камбоџанскиот Сенат. Денес, мирот е основата врз која се градат развојот и напредокот на нашата земја. Затоа камбоџанската влада го става зачувувањето на мирот како свој највисок приоритет, без оглед на цената што ја плаќа за тоа, рече камбоџанскиот премиер Пен Бонга.

Тој нагласи дека Камбоџа неодамна беше обвинета дека е агресор во конфликтот, дека го започнала конфликтот, дека прва отворила оган и дека го прекршила договорот за прекин на огнот постигнат во понеделник во малезискиот главен град Куала Лумпур.

-Овие обвинувања се неосновани и не одговараат на вистинската слика за Камбоџа како земја што се стреми кон мир, рече портпаролот на владата. Тој додаде дека камбоџанската влада, предводена од премиерот Хун Сен, започнала Стратегија од пет точки, која има за цел да ја трансформира Камбоџа во земја со високи приходи до 2050 година. Оваа амбициозна цел е целосно изградена врз темелите на мирот.

„Затоа, Камбоџа мора да го зачува мирот за да може целосно да се посвети на изградбата и развојот на земјата. Во оваа смисла, секој вооружен конфликт или војна мора категорично да се избегнува, додаде Пен Бонга. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан