• вторник, 24 декември 2024

Обвинение против три лица за обид за тешка кражба од гроб во Куманово

Обвинение против три лица за обид за тешка кражба од гроб во Куманово
Скопје, 4 јануари 2022 (МИА) - Основното јавно обвинителство - Куманово поднесе обвинителен предлог против три лица кои се товарат дека како соизвршители во обид да извршат кривично дело „тешка кражба“ од член 236 став 1 точка1 во врска со член 19 и член 22 од Кривичниот законик, на Градските гробишта во Куманово. Двајца 30-годишници и едно лице на возраст од 32 години, сите од Куманово, заедно и по претходен договор, ноќта помеѓу 9 и 10 октомври, на Градските гробишта во Куманово, се обиделе да одземат туѓи подвижни предмети со намера противправно да ги присвојат. - Со помош на рачен алат, лопати и ашов ја тргнале мермерната плоча со која бил покриен еден од гробовите, по што започнале да ја ископуваат земјата и дошле до ковчегот во кој се наоѓало телото на покојната Јелена Филиповиќ. Го отвориле ковчегот и започнале да вршат пребарување на телото со цел да пронајдат златен накит, бидејќи имале сознанија дека покојната наводно е закопана со злато на себе. При пребарувањето не успеале да пронајдат ништо, поради што делото не го довршиле, се вели во соопштението од ОЈО. аа/сп/

Остани поврзан