• петок, 26 јули 2024

НХЛ наскоро може да ги одреди градовите во кои ќе продолжи сезоната

НХЛ наскоро може да ги одреди градовите во кои ќе продолжи сезоната
Вашингтон, 26 јуни 2020 (МИА) – Најсилната хокеарска лига на светот – НХЛ, има намера наскоро да ги утврди градовите во кои ќе продолжи сезоната, што беше прекината поради коронавирусот, тврди „ТСН“. Едмонтон и Торонто се градови претенденти од Канада, каде Торонто досега има мала предност. Во САД, натпреварите можe да се одржат во Чикаго, Лас Вегас или Лос Анџелес. За потсетување, редовната сезона на НХЛ беше прекината во март. зс/

Тагови

Остани поврзан