• сабота, 23 ноември 2024

НУ Народен театар Битола уествува на Интернационален фестивал во Полска

НУ Народен театар Битола уествува на Интернационален фестивал во Полска

Битола, 4 октомври 2024 (МИА) - Актерката Викторија Степановска Јанкуловска и актерот Никола Стефанов отпатуваа во Полска, каде во Бјалисток ќе ја одиграат претставата „Кислород“ на Иван Вирипаев, во режија на Иван Јерчиќ.

На интернационалниот фестивал кој е во тек, битолчани ќе настапат в недела каде пред тамошната публика ќе презентираат поетско дело кое акумулира гнев, надеж, емоции и мисли на цела генерација од источниот блок, млади луѓе кои пораснаа заглавени во транзиција, што е суштина на претставата „Кислород“.

Во подготовката на театарскиот производ освен актерите и режисерот, учествуваа Оливера Павловиќ преведувач, Марта Дојчиновска костимограф, изборот на музиката е на Александар Димовски, снимател Сашо Илковски, ведео ператор Владимир Переловски, а гостин на видеото е Марјан Наумов. мт/сст/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан