• среда, 25 декември 2024

Нуредини: Сакаме граѓаните да бидат посвесни за производите што ги купуваат и за влијанието врз животната средина

Нуредини: Сакаме граѓаните да бидат посвесни за производите што ги купуваат и за влијанието врз животната средина
Скопје, 27 април 2021 (МИА) - Сакаме граѓаните да бидат посвесни за производите што ги купуваат и за влијанието врз животната средина. Голем дел од ова се врти околу потрошувачката, во суштина сакаме да ги стимулираме потрошувачите да купуваат енергетски ефикасни производи и производи што се добри за животната средина. На тој начин се поттикнува промена во користењето на електричната енергија и се придвижуваме од користење на енергија проиведена од јаглен кон други извори. Затоа стимулираме и изградба на фотоволтаични фарми, истакна министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини. Тој, на вториот дел од настанот #ВозможноЕ, на кој се дискутираше за Зелено закрепнување - #ВозможноE да се вклучи приватниот сектор во активностите за справување со климатските промени, посочи дека со УНДП работат за средства од други фондови со цел да се случи промена во нашата земја. Околу тоа дали е возможно да се случат промените, Ниредини рече  дека не мисли оти ќе биде толку многу тешко, затоа што гледаме добри примери од светот. - Секако треба да ги поставиме вистинските политики и да ги спроведеме, но за тоа треба да информираме граѓаните за промените и да им помогнеме да се прилагодат.  Мислам дека нема граѓанин во нашата земја што не сака чиста животна средина.  Наша задача е да ги стимулираме промените, истакна Нуредини. Министерот за животна средина и просторно планирање потенцираше дека во врска со Националниот придонес,  многу граѓани не се свесни или не се заинтересирани за тоа што го зборуваат. - Иако можеби сме мала земја и немаме големо влијание врз глобалнот ефект од климатските промени, секам да кажам дека се усогласуваме со Зелениот договор на ЕУ, што за нас значи поздрава иднина за нашите деца. Задволоен сум во врска со обновливата енергија и животната средина. Може да се види дека сме земја која што сака да направи промени . Што значи Националниот придонес и активностите во него за секојдевниот живот?  Тоа значи за нас да имам почиста животна средина, за децата во иднина, што сакаме да направиме , сакаме да создадеме свест кај граѓаните во врска со енергетската ефикасност, кога зборуваме за зелена средина и така натаму, потенцираше Нуредини. Тој објасни дека кога зборуваме за енергетска ефикасност и зелено заздравување, некогаш се губиме во терминологијата, но, како што рече, енергетска ефикасност значи заштеда, значи профит во иднина. -  Така што идејата е да најдеме начин да ги мотивираме и стимулираме граѓаните, да внимаваат какви произвди купуваат. Ние мора како држава да внимаваме какви производи произведуваме. Тоа треба да биде на енергетски ефикасен начин, затоа што тоа е и за заштеда на граѓаните. Истовремено мора да бидеме свесни што увезуваме во земјава. Министерството за финансии и Министерството за економија се обедуваат да ги стимулираат грѓаните, да ги поттикнат да ги купуваат енергетски ефикасните производи, наведе Нуредини. Министерот за животна средина и просторно планирање посочи дека во моментов банките во нашата земја нудат заеми за потрошувачки производи во домакинствата што се енергетски ефикасни. -  Ако јас купам такви производи во мојот дом и користам фотоволтаични панели на кровот, ќе продонесам кон подобрување на животната средина, но и кон намалување на трошоците, заклучи Нуредини. Министерот за економија Крешник Бектеши истакна дека во екот на пандемијата од Ковид-19, нивна главна цел било зачувување на работните места,  ликвидноста на нашите компании и секако  сигурноста во делот со снабдување со електрична енергија и во делот на снабдување со природен гас. - Имјаќи предвид дека беше глобална криза и транспортните коридори беа ризик за снабдување, не само со прехрамбени производи, а тоа е токму тоа што им треба на граѓаните,  дополнително беше ризик и снабдувањето со електречина енергија, имајќи предвид дека сите држави правеа локални политики се со цел да си го загарантираат нивното снабдување на нивните домакинства и на нивната индустрија, а со тоа да не запре Иакснабдувањето со електрична енергија и со други енергенси, објасни Бектеши. Тој нагласи дека и во време на пандемија, претходната година во нашата држава е зголемна потрошувачката на природен гас, што е многу добар знак во во делот на зачувавање на животната средина. - Во делот на енергетиката речиси ги исполнивме сите програми што беа предвидени за 2020 година, како што се потикнување на помали извори, и во делот на домакинствата и во делот на приватниот сектор и во индустријата, рече Бектеши. Министерот за економија истакна дека почнале со зголемување на конкуренцијата во делот на инвестирање од приватниот сектор во енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија. - Од страна на Министерството за економија, пред почетокот на 2021 години се потпишаа над 40 договори со приватни компании, веќе почнуваат со нивните инвестиции, а некои веќе завршија со нивните инвестиции во нашата дражава кадешто се инвестири во 60 мегаватни фотонапонски централи. Инвеситиции од приватен сектор и во државно, но и во приватно земјиште, веќе имаме инсталирани вакви централи над четири во нашата држава. И ако правиме споредба со тоа како беше пред пандемијата и после, слободно може да кажеме дека за две години ќе имаме речиси три пати повеќе инсталирана моќност од фотонапонски централи во нашата дражава од тоа беше претходно, а тоа секако дека ќе влијае врз финалната цена на потрошувачката, истакна Бектеши. Тој додаде дека целосно ќе се менува начинот на генерирање на електрична енергија од термоелектрани во помали извори на енергија. -  Веќе сме во втора фаза и во делот на преговорање за дискусија за природен гас и на 13 мај оваа година веќе го потпишуваме и финалниот договор во делот на интерконекцијата со нашиот сосед Грција што освен гасификација, секако ќе ја зголеми и сигурноста на стабилноста на снабдувањето со природен гас во нашата држава, рече Бектеши. Тој посочи дека нивната цел е во наредните две години да имаме над 400 мегавати инсталиран капацитет само од фотонапонските централи. - Во делот енергетската ефикасност веќе обезбедивме 25 милиони евра, средства кои се инвестираат во јавниот сектор од нашата држава со тоа што сакаме да дадеме пример за подигнување на енергетската ефикасност и во индустријата и во домакинствата преку инвестирање во енергетска ефикасност во јавните установи на државата, особено во болниците, во училиштата во градинките и веќе е започната реализацијата на овие проекти, потенцираше министерот за економија. Тој упати апел до граѓаните да го користат можностите што ги нуди државата, бидејќи освен зачувувањето на животната средина, тоа ќе им помогне и во намалување на нивните трошоци. #ВозможноЕ е онлајн настан, кој е во организација на Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП) и Министерството за животна средина и просторно планирање и платформата Климатски Промени (klimatskipromeni.mk). Главната цел на настанот #ВозможноЕ, е да се изгради политичка волја, национална вклученост и ангажман за подобрено прифаќање и спроведување на Ревидираниот национален придонес преку реални дискусии помеѓу клучните национални чинители. см/сп/

Остани поврзан