• сабота, 31 август 2024

Нормализиран сообраќајот на патот Битола - Прилеп

Нормализиран сообраќајот на патот Битола - Прилеп

Скопје, 21 февруари 2023 (МИА) - Сообраќајот на патниот правец А3 - Битола - Прилеп е нормализиран од 19:25 часот, информира АМСМ.

Сообраќајот на овој патен правец на излез од Битола кон Прилеп после бензинската станица „Пелагонија“ беше во прекин од 16:15 часот поради сообраќајна незгода.

Според извори во СВР Битола, во тешката сообраќајна меѓу две патнички возила со битолски и прилепски регистарски таблици животот го загубиле две лица. сп/

 

Остани поврзан