• петок, 31 јануари 2025

Нов метод за откривање рак на дебелото црево - 90 отсто точен

Нов метод за откривање рак на дебелото црево - 90 отсто точен

Лондон, 30 јануари 2025 (МИА) - Нов начин за откривање рак на дебелото црево се покажува како точен во повеќе од 90 отсто од случаите, според истражување објавено во „Кансер рисрч УК“ (Cancer Research UK).

Испитувањата на британскиот Институт за истражување на ракот (ИЦР), во соработка со лекарите од болницата „Сент Марк“ во Лондон, покажуваат дека луѓето кои страдаат од воспалителни болести на цревата, како што се Кроновата болест или улцеративен колитис, носат зголемена опасност од рак на дебелото црево, но не секој го развива. Истражувањето покажа дека е можно со голема точност да се предвиди ризикот од заболување следните пет години кај гореспоменатите групи пациенти.

Научниците открија дека пациентите со цревните болести, кај кои се губат претканцерозните клетки и нивни ДНК-копии, носат значително поголема веројатност да развијат рак на дебелото црево. Врз основа на овие промени во ДНК-та, развиен е алгоритам којшто може точно да го пресмета ризикот од болест кај кој било поединец.

Истражувањето, објавено и во списанието „Гат“ (Gut), проучува претканцерозни клетки од 122 пациенти со цревна болест. Околу половина од нив развиле рак на дебелото црево во рок од пет години, додека останатите - не. Соавторката на трудот, Алиса Харт нагласи дека пациентите со вакви болести сепак треба редовно да прават колоноскопија, да ги откријат раните знаци на рак.

- Овие процедури се непријатни, скапи и не секогаш точни во откривањето на раните промени. Но, доколку се забележат првите знаци на рак, се препорачува операција на дебелото црево, изјави Харт.

И професорот Тревор Грејм смета оти Кроновата болест и улцеративниот колитис не се причина за развој на рак, но нагласува дека пациентите со претканцерозни знаци во цревата често мора да избираат меѓу редовни прегледи или операција на дебелото црево. си/

Фото: МИА архива

Остани поврзан