• среда, 27 ноември 2024

Нов албум на Трпчески за „Лин Рекордс“ и солистички настап со Оркестарот на Романското национално радио

Нов албум на Трпчески за „Лин Рекордс“ и солистички настап со Оркестарот на Романското национално радио

Скопје, 10 ноември 2023 (МИА) - Престижната британска издавачка куќа „Лин Рекордс“ денеска го издаде двојниот албум на кој пијанистот Симон Трпчески повторно свири со Симфонискиот оркестар на WDR од Келн, Германија, под диригентство на Кристијан Мачелару. На албумот е изведбата на двата концерта за пијано и оркестар од Јоханес Брамс.

-Нивната незаменлива хемија, најважна во камерните концерти на Брамс, е целосно прикажана во овие нови изведби што го ставаат музичкиот афинитет на двајцата уметници во центарот на вниманието. Овиа се два контрастни концерта, едниот почнува во темнина, другиот во светлина, означувајќи го главниот придонес на Брамс во жанрот. Беспрекорната техника на Трпчески и чувствителното свирење на оркестарот обезбедуваат задоволство за пијанофилите, наведува „Лин Рекордс“ кој освен на компакт-диск, албумот го нуди за преземање и на современите музички платформи.

Трпчески е во Букурешт и вечер ќе настапи како солист на Оркестарот на Романското национално радио под диригентската палка на Николае Молдовану. Изведен ќе биде Концертот бр. 2 оп. 83 во Б-дур за пијано и оркестар од Брамс. Концертот што е дел од тековната „Радио музичка сезона“ на Романското музичко радио ќе стартува во 19 часот по локално време и ќе биде пренесуван во живо. Вљубениците во класичната музика ќе може да го слушаат преку: https://rrmplayer.srr.ro/emisiuni/stagiunea-muzicala-radio/120?fbclid=IwAR0hJlurHiTxyEdeuArw5UR2hKCU62xxwKHEmKJyiOtnsqHZ-RdAAUj9V_4 мч/лв/

фото: КултурОп 

 

Остани поврзан