• понеделник, 30 септември 2024

Ново странско засилување во Шкендија

Ново странско засилување во Шкендија
Тетово, 26 јануари 2021 (МИА) – Повремениот албански репрезентативец Камер Чака е четвртото засилување за пролетниот дел од сезоната во редовите на актуелниот лидер во Првата македонската фудбалска лига Шкендија. Прволигашот од Тетово соопшти официјално вечерва дека играчот за врска со четири настапи за албанската репрезентација потпишал договор на 2.5 години. -Убаво е чувството што сум дел од Шкендија. Слушнав многу убави работи за овој клуб, дека станува збор за сериозна екипа и едвај чекам да заиграм и да го покажам својот потенцијал, изјави 25-годишниот Чака за официјалниот сајт на Шкендија Чака, кој доаѓа од редовите на романската екипа Универзитатеа Крајова, е четвртото засилување во тимот на Шкендија во јануарскиот преоден рок по албанскиот интернационалец Робин Хебај, Бразилецот Игор Вандерсон да Силва и голманот Ферат Рамадани. ег/сст/

Остани поврзан