• среда, 25 декември 2024

Нови 19 случаи на Ковид-19, 26 оздравени и шест починати

Нови 19 случаи на Ковид-19, 26 оздравени и шест починати
Скопје, 3 јуни 2021 (МИА) - Деветнаесет нови случаи на Ковид-19 регистрира Институтот за јавно здравје во последните 24 часа од направени 2.456 тестирања. Од нив, во Скопје - пет, во Куманово - три, Гостивар, Кочани и Демир Хисар по два, Прилеп, Тетово, Кичево, Гевгелија и Неготино по еден случај. Како што соопшти Министерството за здравство, регистрирани се и 26 оздравени пациенти од Скопје – осум, Куманово – четири, Радовиш и Кратово по три, Штип – два, Гостивар, Кочани, Прилеп, Свети Николе, Пробиштип и Македонска Каменица по еден. Вкупно починале шест лица, од кои две од Скопје на 69 и 83 години, и по едно лице од Радовиш (52), Тетово (77), Кичево (74) и Струмица (80). Од пријавените, две лица се починати во домашни, а останатите четири во болнички услови. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.364, бројката на оздравени пациенти е 148.872, на починати е 5.435, а бројот на активни случаи изнесува 1.057. Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна: Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно) Скопје 68548, Активни 439 Куманово 8838, Активни 107 Прилеп 8307, Активни 57 Тетово 7217, Активни 45 Битола 6295, Активни 51 Велес 5468, Активни 14 Гостивар 5176, Активни 25 Кавадарци 5153, Активни 11 Охрид 5006, Активни 54 Штип 4959, Активни 16 Струмица 4111, Активни 37 Струга 2980, Активни 22 Кочани 2789, Активни 14 Кичево 2568, Активни 44 Гевгелија 2193, Активни 9 Неготино 2184, Активни 8 Свети Николе 1522, Активни 9 Ресен 1234, Активни 9 Крива Паланка 1219, Активни 3 Радовиш 1159, Активни 26 Берово 1029, Активни 2 Делчево 971, Активни 9 Дебар 940, Активни 1 Виница 882, Активни 18 Пробиштип 789, Активни 1 Валандово 666, Активни 1 Богданци 494, Активни 2 Крушево 490, Активни 4 Демир Хисар 399, Активни 5 Демир Капија 396, Активни 0 Кратово 374, Активни 7 Македонски Брод 359, Активни 3 Пехчево 268, Активни 0 Македонска Каменица 249, Активни 4 Дојран 132, Активни 0 Направени се 2.456 тестови преку: ИЈЗ-346, ЦЈЗ Скопје-69, ЦЈЗ Битола-50, ЦЈЗ Прилеп-35, ЦЈЗ Тетово–30, ЦЈЗ Куманово–17, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 2, ГОБ 8-ми Септември-16, Институт за микробиологија–4, МАНУ-53, Жан Митрев (Филип Втори)-146, Авицена-194, Биотек-384, Систина-97, лабораторија Лаор-204, Синлаб-85, Ремедика-53, Плодност–46, Генеа–26, Никоб лаб-71, ВФВ Медикал-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 528. Досега во земјата се направени вкупно 804.728 тестирања на Ковид-19. мс/ац/

Остани поврзан