• среда, 25 декември 2024

Нови патеки со бекатон плочки во кругот на градинката „Олга Мицеска“ во Кичево

Нови патеки со бекатон плочки во кругот на градинката „Олга Мицеска“ во Кичево

Кичево, 22 март 2022 (МИА) - Во изминатите три години во најстарата и најголема детска градинка во Кичево „Олга Мицеска“ променети се прозорците и вратите, поставена е нова ограда, набавени се голем број нови реквизити, опремена е сензорна соба. Најновиот зафат кој ги подобрува условите за престој на децата во градинката се патеките од бекатон плочки, кои се поставени на повеќе делови од дворот.

-Во изминатите три месеци детската градинка „Олга Мицеска“ доби нови патеки со бекатон плочки. Поставени се бекатон плочки на површина од околу 800 метри квадратни, а средствата за оваа намена ги обезбеди ЕЛС Кичево.Со овој зафат им овозможивме на дечињата во градинката во ниту еден дел од дворот да не газат кал и на сите пристапни патишта поставени се бекатон плочки, што овозможува во текот на цела календарска година приодите во градинката да бидат чисти и уредни, рече Садик Ахмети, директор на детските градинки во Кичево.

Тој потсети дека иако капацитетот на градинките во Кичево е за повеќе од 400 деца, сепак редовно во градинките се запишани околу 80 проценти од овој број.

-Причината зошто е помал бројот на деца во градинките од вистинскиот капацитет е фактот што повеќе родители последните години поради ковид-19 и други епидемии не ги пуштаат децата во градинка за што ги ангажираат своите најблиски. Ако се реализираат најавите дека за децата од 5  и 6-годишна возраст ќе биде задолжително одење во градинка, тогаш можеме да очекуваме бројот на деца во градинките значително да се зголеми, додаде директорот Ахмети. за/мд/

Остани поврзан