Новите членови на Судскиот совет и на Советот на јавните обвинители ќе дадат свечена изјава пред Гаши
- Членови на Судскиот совет на Република Северна Македонија, Данка Ристова и Аритон Ала, денеска ќе дадат свечена изјава пред претседателот на Собранието, Африм Гаши.
Скопје, 20 декември 2024 (МИА) - Членови на Судскиот совет на Република Северна Македонија, Данка Ристова и Аритон Ала, денеска ќе дадат свечена изјава пред претседателот на Собранието, Африм Гаши.
Како што е објавено на веб-страницата на Собранието, свечена изјава пред Гаши денеска ќе даде и новиот член на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија, Ардијан Демири. дма/вг/
Фото: МИА аррхива