• сабота, 28 декември 2024

Новиот в.д.претседател на Јужна Кореја, Чои Санг-мок изјави дека Владата и наредила на армијата да ја зголеми борбената готовност

Новиот в.д.претседател на Јужна Кореја, Чои Санг-мок изјави дека Владата и наредила на армијата да ја зголеми борбената готовност

Сеул, 27 декември 2024 (МИА) - Новиот вршител на должноста претседател на Јужна Кореја, Чои Санг-мок, изјави дека Владата и наредила на армијата да ја зголеми својата борбена готовност. Тоа, од своја страна, ја зголемува веројатноста Северна Кореја да ја искористи политичката ситуација во земјата за да изврши провокации, пренесуваат светските агенции.

Чои, кој беше министер за финансии во претходната администрација, го објави тоа откако стана вториот вршител на должноста претседател на Јужна Кореја за две недели.

Тој ја презеде функцијата на привремена основа по гласањето за импичмент на актуелниот вршител на должноста шеф на државата, премиерот Хан Деок-су. Овие случувања ја зголемуваат политичката неизвесност во четвртата по големина азиска економија. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан