• вторник, 24 декември 2024

Нова студија во САД покажува дека довербата во компаниите за вештачка интелигенција паднала на 35 отсто

Нова студија во САД покажува дека довербата во компаниите за вештачка интелигенција паднала на 35 отсто

Вашингтон, 6 март 2024 (МИА) - Во САД довербата во компаниите кои се занимаваат со вештачка интелигенција (АИ) паднала на 35 отсто во период од пет години, според најновите податоци на консултантската компанија Еделман.

Оваа американска фирма за односи со јавноста наведува дека довербата во компаниите со вештачка интелигенција опаднала и на глобално ниво за осум поени - од 61 отсто на 53 отсто.

Студијата, исто така, покажа дека демократите, врз основа на припадноста на политичките партии во САД, покажуваат најголема доверба во компаниите со вештачка интелигенција со 38 отсто, во споредба со републиканците со 24 отсто и независните со 25 отсто.

Шефот за глобална технологија на Еделман, Џастин Весткот, вели дека голем број фактори придонеле за падот на довербата во овие компании.

„Клучни меѓу нив се стравовите кои се однесуваат на загрозување на приватноста, односно потенцијалот на вештачката интелигенција да ги девалвира човечките придонеси“, рече Весткот.

Тој додаде дека „податоците укажуваат на воочен недостаток на транспарентност и одговорност во начинот на кој компаниите со вештачка интелигенција работат и се ангажираат со социјалните влијанија“.

„Пред осум години, технологијата беше водечка индустрија кога станува збор за доверба, со 90 отсто од испитаниците во земјите што ги проучувавме, а сега само половина и веруваат“, напишаа истражувачите.

Барометарот на доверба на Еделман опфати 32.000 луѓе во 28 земји. паг/

Фото: МИА архива

 



Остани поврзан