Нова ерупција на вулканот Стромболи во Италија
- Вулканот Стромболи на истоимениот јужен италијански остров во Тиренското море денеска еруптираше исфрлајќи лава, пепел и облаци од чад.

Рим, 11 јули 2024 (МИА) - Вулканот Стромболи на истоимениот јужен италијански остров во Тиренското море денеска еруптираше исфрлајќи лава, пепел и облаци од чад. Нема повредени и не е причинета штета, соопшти Националниот институт за геофизика и вулканологија.
Новата ерупција ја продолжува интензивната вулканска активност во регионот на Сицилија од минатата недела, вклучувајќи ја и Етна, објави АНСА.
Институтот наведува дека ерупцијата траела околу три минути и предизвикала сеизмичка активност во околината на вулканот Стромболи, кој е еден од најактивните во светот. паг/
Фото: Википедија