• сабота, 23 ноември 2024

Новата мексиканска претседателка ја одби поканата на Зеленски да ја посети Украина

Новата мексиканска претседателка ја одби поканата на Зеленски да ја посети Украина

Мексико Сити, 18 септември 2024 (МИА) - Новоизбраната мексиканска претседателка, Клаудија Шејнбаум, најави дека има намера да води политика на немешање во надворешните работи и, во оваа смисла, да го продолжи курсот на претходниот шеф на државата, Андрес Мануел Лопез Обрадор. Затоа таа ја одби поканата од претседателот Володимир Зеленски да ја посети Украина по преземањето на функцијата на 1 октомври, објавија украинските медиуми.

-Нашата одговорност е тука. Ќе присуствуваме на некои меѓународни настани што ги сметаме за важни, но нема да патуваме многу. Нашата одговорност е тука, рече Шајнбаум, нагласувајќи дека приоритет на нејзината влада ќе биде решавање на домашните проблеми.

Таа посочи дека ќе ја продолжи надворешната политика на нејзиниот претходник, Лопез Обрадор, чиј лајтмотив е немешање во работите на другите земји и поддршка за мирно решавање на каков било конфликт.

Шајнбаум ја потврди посветеноста на Мексико за одржување дипломатски односи со сите земји, освен со Еквадор, каде во април имаше инцидент во мексиканската амбасада што таа го опиша како „газење на суверенитетот“ на нејзината земја.

Клаудија Шејнбаум победи на претседателските избори во Мексико во јуни. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан