• понеделник, 23 декември 2024

Новата влада на Литванија најави 3,5 проценти од БДП за одбраната

Новата влада на Литванија најави 3,5 проценти од БДП за одбраната

Вилнус, 28 октомври 2024 (МИА) - Новата социјалдемократска влада на Литванија планира да издвојува најмалку 3,5 отсто од својот бруто-домашен производ (БДП) за одбранбени потреби, соопшки лидерката на Социјалдемократската партија Вилија Блинкевичуте.

Според НАТО проценките, оваа балтичка земја, која има 2,9 милиони жители и се граничи со Русија, годинава планира да троши околу 3 отсто од својот БДП за воените сили.

Истражување на јавното мислење, спроведено од Baltijos Tirimai/ELTA, покажува дека три четвртини од Литванците сметаат дека по нападот врз Украина во 2022 година, Русија би можела во блиска иднина да ја нападне и нивната земја.

Вилија Блинкевичуте по уверливата изборна победа на својата партија изјави дека издвојувањата за воениот буџет нема да бидат помали од 3,5 проценти и дека безбедноста и одбраната ќе добијат средства согласно потребите. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан