• сабота, 23 ноември 2024

НЛБ Банка Скопје шести пат прогласена за Најдобра банка во државава

НЛБ Банка Скопје шести пат прогласена за Најдобра банка во државава
Скопје, 15 август 2022 (МИА) - На годинешните 14-ти „Европски банкарски награди“ (Europe Banking Awards), што ги доделува реномираниот магазин EMEA Finance, НЛБ Банка Скопје ја доби наградата „Најдобра банка во Македонија за 2021 година“. Ова е шеста година по ред во која НЛБ Банка, од страна на магазинот ЕМЕА Finance, е прогласена за најдобра банка во земјата. Главните критериуми според кои се доделува наградата се: остварените финансиски резултати на банката, нејзината посветеност кон клиентите, воведувањето на иновации во работењето, особено во делот на дигитализацијата, поддршката што ја обезбедува за постигнување на одржлив развој и транзиција кон „зелена економија“, како и реализацијата на општествено одговорните проекти значајни за пошироката заедница. ЕМЕА Finance e реномиран магазин кој во финансискиот свет е познат како „независен глас на финансиската заедница, нејзините клиенти и партнери“ во регионите на Централана и Источна Европа, Блискиот Исток и Африка. Покрај НЛБ Банка Скопје, и во Словенија NLB e добитник на престижната награда „Најдобра банка за 2021 година“ од ЕМЕА Finance.лв/бак/  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан