• среда, 27 ноември 2024

Ник Кејв: Светот падна во морничава, саморефлектирачка тишина

Ник Кејв: Светот падна во морничава, саморефлектирачка тишина
Лос Анџелес, 22 јули 2020 (МИА) - Обожавателите на ликот и делото на Ник Кејв ова лето ќе имаат можност да го проследат специјалниот интернет-концерт под наслов „Идиотска молитва“ (Idiot Prayer), во облик на филм, на 23 јули во 20:00 часот. Во пресрет на овој концерт, Кејв објави и најавно видео за претстојниот своевиден документарец. - „Идиотска молитва“ произлезе од повеќе концерти што ги одржавме минатата година. На овие концерти ми се допадна да изведувам деконструктивни верзии на моите песни - посветувајќи посебно внимание на зборовите. Се чувствував како да ги пренасочувам песните и почнав да размислувам да влезам во студиото и да снимам нови ревидирани верзии од нив..., вели Кејв во трејлерот. Тој потсетува дека во тој миг светот отиде во самоизолација, а светската турнеја „Лоши семиња“ (The Bad Seeds) беше одложена до 2021 година. - Светот западна во морничава, саморефлектирачка тишина. Тогаш во таа тишина почнав да размислувам не само за аудио снимање песни, туку и за снимање видео... И така почнавме да собираме мал тим, вклучувајќи го тука одличниот режисер Роби Рајан, Дом Монкс - човекот за звук и, монтажерот Ник Емерсон, со намера да го снимиме филмот веднаш штом се создадат условите за тоа, додава познатиот музичар. Тој додава дека „Идиотска молитва“ е еден вид „заслепувачка кулминација на трилогијата“ којашто вклучува уште два филма - „20,000 денови на Земјата“ и „Уште еднаш со чувство“. Концертот е снимен во јуни во Александар Палас во Лондон, а на интернет ќе може да се гледа со претплата. си/

Остани поврзан