• среда, 25 декември 2024

Ник Кејв и Ворен Елис одговорни за музиката за филмот „Back To Black“ за Ејми Вајнхаус

Ник Кејв и Ворен Елис одговорни за музиката за филмот „Back To Black“ за Ејми Вајнхаус

Лос Анџелес, 8 февруари 2024 (МИА) - Режисерот на „Back To Black“ (Враќање кон црнината), Сем Тејлор-Смит ги покани музичарите Ник Кејв и Ворен Елис да ја искомпонираат музиката за биографскиот филм за Ејми Вајнхаус.

- Ник и Ворен беа единствените вистински музичари, според мене, кои може да работат на филмов. Низ годините слушав се што тие составуваа и копнеев за остварување на сонот за заедничка работа. Нивниот сензибилитет и разбирање на оваа приказна доведоа до длабока и трогателна саундтрак, изјави Тејлор-Смит.

Прикажувањата на филмот засега се најавени за април и мај оваа година.

Остварувањето ќе содржи бројни хитови на починатата пејачка, отпеани од глумицата Мариса Абела, а Кејв и Елис ја снимија остатокот од филмската музиката проткаена во приказната. Како што пишува „Варајети“ (Variety), тие досега имаат снимено околу 30 минути музика. Тие двајца работеа на филмската музика за „Атентатот на Џеси Џејмс од страна на кукавицата Роберт Форд“, „Патот“, како и за биографскиот филм за Мерлин Монро „Блонди“ и бројни други филмови.  си/ссм/

Фото: архива

Остани поврзан