• среда, 27 ноември 2024

Николоски на средба со директорите на ФЗО: Квалитетна здравствен систем и заштита е приоритет на Владата

Николоски на средба со директорите на ФЗО: Квалитетна здравствен систем и заштита е приоритет на Владата

Скопје, 18 јули 2024 (МИА) - Како до квалитетен здравствен систем и здравствена заштита, предизвиците со кои се соочува, како и приоритетите на Фондот за здравствено осигурување, биле дел од темите за кои вчера разговарале Александар Николоски, заменик претседател на Владата и Сашо Клековски и Бранко Аџигогов, директори на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија (ФЗОРСМ).
 
-ФЗОРСМ е во скоро десетгодишно назадување во секоја смисла и прв приоритет е тоа да запре, Фондот да се постави во правилна насока. За тоа постои волја и се бара поддршка и од Владата, за да се реализира изборната програма, истакнаЛ Клековски.
 
Како што информираат од ФЗОРСМ, за заменик претседателот Николоски посетата во Фондот била во таа насока. фф/ац/

Фото: ФЗОРСМ

Остани поврзан