• недела, 05 јануари 2025

Николовски: Наплатата на приходите од ДДВ при увоз на патнички возила зголемена за над 482 милиона денари

Николовски: Наплатата на приходите од ДДВ при увоз на патнички возила зголемена за над 482 милиона денари

Скопје, 3 јануари 2025 (МИА) - Дополнителните приходи од царината при увоз на патнички моторни возила во изминатите шест месеци се поголеми за близу 119 милиони денари во однос на истиот период во 2023-та, а наплатата на приходите од ДДВ при увоз на патнички возила е поголема за над 482 милиона денари, рече денеска директорот на Царинската управа Бобан Николовски.

Како што истакна Николовски на прес-конференција, реалната наплата на данокот на моторни возила во јули 2024 е повисока за 46,5 отсто во однос на јули 2023, во август за 21,7 проценти, во септември за 24,2 отсто, во октомври за 10,3, во ноември за 27,4 проценти, додека во декември е на речиси исто како во декември 2023 година.

Во однос на увозните давачки, Царината, според директорот, бележи одлични резултати, 2024 година ја заврши со 6,3 отсто поголема вкупна наплата во споредба со 2023-та или со над 120 милиони евра.

Како што соопшти денеска директорот на Царинска управа Бобан Николовски, запленети се 35 автомобили со вкупна вредност од 20 милиони денари, при што врз Буџетот на државата преку избегнување

-Еден факт е непобитен, Царината со новото раководство од 1 јули 2024, прави резултати кои никој не може да ги побие. Ќе продолжиме уште посилно, нашите засилени контроли даваат добри резултати и се надеваме дека годинава ќе биде уште поуспешна од втората половина на 2024-та. Бележиме добри резултати во однос на полнење на државниот буџет, влегуваме во 2025-та уште помотивирани зашто за релативно краток период постигнавме добри резултати од сите аспекти, истакна Николовски, одговорајќи на новинарски прашања.

Оценка на директорот е дека официјалниот влез на Бугарија и Романија во шенген зоната ќе се рефлектира врз македонските транспортери од аспект на процедурите и тековното работење.  

-Ова нема да им оди во прилог на нашите транспортери зашто, колку што сум информиран, во првите шест месеци од годината, 90 дена имаат право да бидат внатре. Сигурнио ќе прави одредени пречки, ќе има пречки, но нашите транспортери ќе се снаоѓаат, рече Николовски. мч/цр

фото/видео: МИА

Остани поврзан