• вторник, 24 декември 2024

Николова: Успешно се справуваме со последиците од глобалната економска криза

Николова: Успешно се справуваме со последиците од глобалната економска криза
Скопје, 16 мај 2022 
СДСМ преку парламентарното мнозинство и Владата што ги предводи, успешно се справува со последиците од глобалната економска криза.Се реализира пакет од 26 антикризни мерки за помош и поддршка на граѓаните и економијата, а преку одговорни политики, ќе се заштедат дополнителни сто милиони евра кои во иднина би се искористиле за нови антикризни мерки.И додека СДСМ се бори против последиците од кризата, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се обидуваат по секоја цена да ја закочат работата на институциите.Помина една недела од најавените нови засилени блокади на ВМРО-ДПМНЕ, но тие не успеаја.Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ по налог на Мицкоски го одолговлекуваа усвојувањето на дневниот ред, правеа хаос на седниците и на крај ВМРО-ДПМНЕ не доби ништо, но затоа нанесе штета врз граѓаните.  Над 17.000 тутунари се уште се без субвенции затоа што од страна на ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата закочена е работата на Комисијата за земјоделство, иако во Буџетот има  обезбедено средства за исплата на субвенциите.Ваквото однесување на ВМРО-ДПМНЕ не е ништо ново. Тоа го гледавме и во време на пандемијата со коронависрусот, и кога се зголемуваа платите и пензиите, но и кога државата стануваше полноправна членка на НАТО Алијансата.И тогаш како и сега Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ беа на спротивната страна од интересите на граѓаните и државата и се обидуваа да го закочат напредокот.Откако им пропадна првичниот обид за блокада на Собранието, денес ВМРО-ДПМНЕ најавува нови блокади и деструкции, со цел по секоја цена да направат штета врз државата и да ги задоволат личните желби на Мицкоски.Но во белиот дворец треба да знаат дека и овие нови деструктивни идеи за блокада ќе бидат поразени, СДСМ нема да дозволи граѓаните да бидат жртви на себичните интереси на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски.Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ повторно ќе ги порази нови деструктивни постапки на ВМРО-ДПМНЕ и нема да дозволи нови штети врз граѓаните, економијата и државата.Во време на криза, кога сите капацитети треба да бидат ангажирани во справување со последиците, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да покажат барем малку одговорност и да се откажат од блокадите и деструкциите.Мицкоски да собере храброст да се откаже од подаништвото кон Груевски, криминалецот во бегство кој и повеќе од очигледно дека целосно ја контролира партијата.ВМРО-ДПМНЕ останува нереформирана партија, заробена партија во криминал и режимска матрица чие дејствување е на штета на граѓаните и државата.

Прес-конференција на Даниела Николова, пратеничка на СДСМ 

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ ————————————————————————————————————————— МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан