• петок, 26 јули 2024

Нивото на реката Вардар во Велес од вчера до денес порасна за 36 сантиметри 

Нивото на реката Вардар во Велес од вчера до денес порасна за 36 сантиметри 

Велес,18 октомври 2023 (МИА) - Нивото на реката Вардар во Велес на мерното место кај Стар Мост по вчерашните дождови утрово изнесуваше 88 сантиметри, што е над просекот за октомври. Во споредба со вчера кога се измерени 52 сантиметри, нивото на реката за еден ден пораснало за 36 сантиметри.  Просекот за месец октомври изминатите години изнесувал 57 сантиметри, информираат за МИА од ЦУК Велес.

Овој месец најниско ниво на Вардар во Велес од само 14 сантиметри е измерено на 10 октомври, на 11 октомври било 22 сантиметри,  на 12 октомври било 42 сантиметри, а на 13 октомври 48 сантиметри.

На 14 септември нивото на Вардар во Велес пораснало на 72 сантиметри, за наредниот ден на 15 октомври повторно да падне на 46 сантиметри, додека на 16 октомври нивото на реката Вардар во Велес било  50 сантиметри.

Од ЦУК појаснуваат дека освен дождовите за нивото на Вардар придонесува и испуштање на водата од акумулациите. ад/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан