• понеделник, 23 декември 2024

Нивото на водата во Охридското Езеро два сантиметри под дозволениот минимум

Нивото на водата во Охридското Езеро два сантиметри под дозволениот минимум

Охрид, 2 декември 2024 (МИА) – Нивото на водата во Охридското Езеро и натаму опаѓа, надминувајќи ја границата под дозволениот минимум. Според денешните мерења, нивото на водата во езерото е на котата 693,08 метри надморска височина што е 24 сантиметри под просекот за декември.

Инаку, нивото на водата во езерото моментално е два сантиметри под дозволениот минимум утврден на котата 693,10 метри надморска височина.

Состојбата со негативниот водостој не се подобри со врнежите што го зафатија регионот изминатите денови. 

Флуктуацијата на нивото на водата во езерото има негативни последици по многу аспекти, но најмногу се одразува во крајбрежниот дел што инаку е најважен во езерскиот еко-систем. аб/лв/

фото/МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан