• сабота, 23 ноември 2024

Неовлатено искористил банкарска картичка на жителка на Англија за која се грижел

Неовлатено искористил банкарска картичка на жителка на Англија за која се грижел
Охрид, 21 октомври 2022 (МИА) - Четириесет и едно годишно лице, со привремен претстој во Орхид, неовластено искористило 1.700.000 денари од банкарската картичка на жителка од Англија. СВР Охрид денеска оопшти дека е поднесена кривична пријава против Н.С.Л.(41) со привремен престој во Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“. - Тој на 21 септември годинава неовластено ја употребил банкарската картичка сопственост на 86 - годишна жителка на Англија, со привремен престој во Охрид, за која се грижел и без нејзино знаење, извршил повеќе парични трансакции. Со тоа пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од 1.700.000 денари, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски. сс/мд/

Остани поврзан