Нема опасност за излевање на реката Брегалница во штипскиот регион
- Рекорден број на врнежи од дожд, за изминатите 30 години има во штипскиот регион, во изминатите 11 дена. Киро Маџунаров, кој врши мерења на врнежите од дожд, но и на нивото на реката Брегални
Штип, 11 Јануари 2021 (МИА) - Рекорден број на врнежи од дожд, за изминатите 30 години има во штипскиот регион, во изминатите 11 дена. Киро Маџунаров, кој врши мерења на врнежите од дожд, но и на нивото на реката Брегалница, за УХМР вели дека само за 24 часа, во регионот на Штип наврнале 20 литри на метар квадратен.
- Вкупни мерења за месец јануари, од 1-ви до 11-ти, има наврнато 90 литри на метар квадратен. Споредбено со претходниот јануари, кога наврнаа само 8,5 литри на метар квадратен е неспоредливо. Инаку, просек за јануари за овие 25 до 30 години, имам мерено 36 литри на метар квадратен. Значи, тоа е за два и пол пати повеќе и во однос на просекот, вели Маџунаров.
Што се однесува за водостојот на реката Брегалница, која поминува низ градот Штип, е 172 санитимери и не е алрмантна состојбата, а дали ќе има излевање на реката Брегалница ќе зависи од нејзните притоки во целиот источен регион.
- Според моите досегашни мерења, критичната точка за излевање на реката Брегалница е над два ипол метри, но за Штип и штипскиот регион не е толку опасно, затоа што Брегалница надолу оди кон Вардар и надолу нема населени места и земјиште кои што би се загрозиле. По критично е, можам да кажам, за Кочани и кочанско поле, вели Маџунаров.
Според него, во штипскиот регион за сега нема опасност од поплави, а состојбата со врнежите и водостојот на реката Брегалница продолжува да ги следи.вдј/ар/