Неколкумина мртви и десетици повредени во пукање во близина на универзитет во Прага
- Неколку луѓе се убиени, а „десетици“ се повредени во пукање во близина на универзитет во центарот на Прага, соопшти чешката полиција.
Прага, 21 декември 2023 (МИА) - Неколку луѓе се убиени, а „десетици“ се повредени во пукање во близина на универзитет во центарот на Прага, соопшти чешката полиција.
Тамошното Министерство за внатрешни работи информира дека напаѓачот е „елиминиран“ и дека зградата се евакуира, пренесува Би-Би-Си.
Извештаите сугерираат дека инцидентот се случил на Факултетот за уметности на Карловиот Универзитет, лоциран на плоштадот Јан Палах.
Властите соопштија дека целиот плоштад и неколку улици околу универзитетот се затворени.
„Одеднаш слушнав пукање“, изјави за чешкиот весник Днес сведокот која била на местото на настанот.
Во електронска порака испратена до персоналот на филозофскиот факултет на Карловиот Универзитет, во која увид имал Ројтерс, го предупреди персоналот за пукањето, пренесува Би-Би-Си.
Во меилот пишувало: „Останете, не одете никаде, ако сте во канцелариите, заклучете ги и ставете мебел пред вратата, исклучете ги светлата“.
Карловиот универзитет се наоѓа во Стариот град на Прага, на околу 500 метри од историскиот Карлов мост, што е магнет за туристите. ссм/
фото: ЕПА