• вторник, 06 август 2024

Неколку законски решенија го поминаа филтерот на Законодавно-правната комисија

Неколку законски решенија го поминаа филтерот на Законодавно-правната комисија
Скопје, 3 октомври 2022 (МИА) – Предлог на законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик го помина филтерот на Законодавно-правната комисија и оди на следно читање. Комисискиот филтер го помина и Предлог на законот за адвокатурата, а на понатамошно читање беа пратени и неколку законски решенија - Предлог на законот за парничната постапка, Предлог на законот за заштита на потрошувачите, Предлог на законот за зоотехника. Државниот советник во Министерството за правда, Никола Прокопенко, во образложението за ова законско решение истакна дека овој предлог закон содржи група на одредби од неколку области кои што биле ургентни за интервенција во Кривичниот законик, пред се усогласување со одредени меѓународни инструменти и надминување на некои лоцирани слабости, кои што, како што кажа, биле констатирани и во одредени пресуди на Европскиот суд за човекови права. - Првата е имплементирање на директивата финансиски измами во одредени членови од Кривичниот законик како почнувајќи од дефинициите, царинската измама и други кривични дела. Вториот сет прашања кои што ги опфати се однесуваат на отстранување на одредени недостатоци кои што се лоцирани и се констатирани во одредени пресуди на Европскиот суд за човекови права и тоа се пред се во две области: прво во однос на малтретирањето во вршењето на службата и во однос на тортурата и вториот сегмент е конфискацијата. Третото прашање што е опфатено со овие измени е заштитата на новинарите и предвидуваме квалифициран облик на одредени кривични дела каде што во праксата жртви се новинарите – присилбата, спречување службено лице во вршење на службено дејствие, убиство и слично. И последниот сет на прашања се однесуваат на Истанбулската Конвенција која што најголемиот број на државите веќе ја имаат имплементирано, рече Прокопенко. Комисискиот филтер го помина и Предлог на законот за адвокатурата. Државниот секретар во Министерството за правда Мухамед Точи, во образложението истакна дека во стратешката цел на законот за адвокатура е унапредување на квалитетот во правосудниот сектор и е утврдена стратешка насока воведување за законска обврска за континуирана одлука на адвокатите. - Актуелната состојба им овозможува на адвокатите право на стручно усовршување преку посета на обуки од различни области во текот на нивното работење, но со воведувањето задолжителна функционирана обука организирана од страна на едукативниот центар формиран во рамки на Адвокатската комора, ќе се обезбеди исклучителен придонес кој ќе биде насочен кон јакнење на адвокатската професија. Начинот на спроведување и фондот на часови на годишно ниво на континуираната обука подетално ќе се утврди со подзаконски акти на Комората. Законот за адвокатура е структуриран подетално во шест глави во кои детално е утврдено обезбедувањето на правна помош на физички и правни лица во остварувањето на нивните права и врз закон засновани интереси во постапката пред судовите, државните органи, другите правни лица, органите на единците на локалната самоуправа, вршење на адвокатска дејност, како и организацијата на адвокатурата. Законот за адвокатура ќе биде во насока на јасно прецизирање на одредени законски одредби со цел истите да бидат јасни, недвосмислени и разбирливи и подеднакво применливи во сите ситуации за сите, рече Точи. Дополнителното донесување на законот, според Точи, е поврзан и со усогласувањето на две ЕУ-директиви – заради овозможување на ефикасна примена на слободата на обезбедување на услуги од страна на адвокатите и заради вршењето на дејноста адвокат во земја-членка што не е земја каде што е добиена таа класификација. Исто така, на понатамошно читање беа пратени и неколку законски решенија - Предлог на законот за парничната постапка, Предлог на законот за заштита на потрошувачите, Предлог на законот за зоотехника. фф/аа/

Остани поврзан