Независен синдикат на ЈП Паркинзи-Битола бара подобри услови за работа на вработените
- Независниот синдикат на државна администрација при ЈП Паркинзи-Битола денеска на прес - конференција побара подобри услови за работа на вработените во претпријатието.

Битола, 16 април 2025 (МИА) - Независниот синдикат на државна администрација при ЈП Паркинзи-Битола денеска на прес - конференција побара подобри услови за работа на вработените во претпријатието.
Антонио Михајловски, претседател на Независен синдикат на државна администрација при ЈП Паркинзи-Битола, на прес - конференцијата побара вработените да добијат ХТЗ-опрема која, како што изјави, ја обезбедуваат со лични средства.
-За нашите проблеми нема разбирање од надлежните. Во ЈП Паркинзи се соочуваме со повреда на правата на работниците, зголемен е бројот на дисциплински постапки посебно врз членови на нашиот синдикат од кои под притисок се бара нашите членови да истапат од синдикатот, истакна Михајловски.
Во изјава за медиумите, претседателот на Независен синдикат на државна администрација при ЈП Паркинзи-Битола, јавно побара да запрат притисоците врз вработените и да не се прераспределуваат на други работни места. мт/цр
Фото: МИА