• среда, 27 ноември 2024

Недела на бесплатни прегледи и консултации на пациентки во менопауза на ГАК

Недела на бесплатни прегледи и консултации на пациентки во менопауза на ГАК
Скопје, 17 октомври 2022 (МИА) - По повод Светскиот ден на менопаузата -18 Октомври, од денеска до 21 октомври на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје ќе се организира недела на бесплатни прегледи и консултации на пациентки во менопауза. Како што информираат од Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство, целта на Светскиот ден на менопаузата е да се подигне свеста за оваа фаза од животот и да се промовира одржување на женското здравје и благосостојба. Важно е, како што се наведува, на пациентките да им се објасни сè она што би сакале да го дознаат во врска со оваа состојба, да добијат совет и да се насочат кон дополнителни иследувања, терапија и слично. Секоја година во светски рамки се одбележува овој ден на различен начин - со предавања, трибини, советувања, превентивни прегледи и со дружби. Темите се различни и обработуваат по еден органски систем кај жените - годинава фокусот е ставен на грижата за менталното здравје (темата е расположение, когнитивна состојба кај жените во менопауза). мд/лв/

Остани поврзан