• понеделник, 22 јули 2024

Неготино избра добитници на општинска награда и признанија

Неготино избра добитници на општинска награда и признанија

Неготино, 3 ноември 2023 (МИА) – Советот на општината Неготино, на денешната седница го избра добитниците на општинските награда и признанија, по повод празникот на градот, „8 Ноември“.

- Врз основа на Статутот на Општината и одлуката за востанување на општинските награди и признанија, донесена е одлука, наградата „8 Ноември“ за животно дело, да се додели на Трајко Недев, за особено значајни остварувања од интерес на општина Неготино во областа на спортот. Наградата му се доделува за особени достигнувања во дисциплината шах, беше појаснето на седницата.

Признанија за оваа година, добија Трајан Велјанов, постхумно, во областа на стопанството, угостителска дејност, Димитар Милев – Госпот во областа на здравството, Трајанка Апостолова во област образование и култура, Марина Станиславова за образование, Ивица Јанев во областа спорт, Игор Шарац како спортски работник и Сашко Кордов во област на мултимедија, зачувување на трајни вредности.

- Признанијата им се доделуваат за остварени резултати во областа на науката, спортот, образованието, здравството и стопанството помеѓу двата празника и нивниот придонес во развојот и афирмацијата на општина Неготино, пишува во одлуката изгласана од советниците во Совет на општината Неготино. свд/ир

Фото: МИА

Остани поврзан