• вторник, 24 декември 2024

Неготинец со лажна патна исправа сакал да подигне кредит 

Неготинец со лажна патна исправа сакал да подигне кредит 

Неготино, 27 август 2024 (МИА) - Со лажна патна исправа сакал да подигне кредит, лишен бил од слобода 28.годишник  во Неготино, информираа денеска од СВР Велес. 

- На 26.08.2024 во 12:00 часот во ПС Неготино од слобода е лишено лицето П.Ќ (28),  поради тоа што било пријавено од страна на 45-годишна жена  дека додека била на работно место во  „Flex Credit",  приложило лажна патна исправа за поднесена апликација за подигање на кредит во висина од 40.000 денари. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопштија од СВР Велес. свд/цр

Фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан