• вторник, 19 ноември 2024

НВО: Бројот на цивилни жртви од протестите против Мадуро во Венецуела се искачи на 11

НВО: Бројот на цивилни жртви од протестите против Мадуро во Венецуела се искачи на 11

Каракас, 30 јули 2024 (МИА) - Бројот на цивилни жртви во протестите против сомнителниот реизбор на венецуелскиот претседател Николас Мадуро се искачи на 11, соопшти невладината организација Форо Пенал.

„За само еден ден регистриравме 11 смртни случаи“, изјави шефот на Форо Пенал, Алфредо Ромеро во Каракас.
Тој израз и загриженост за „употребата на огнено оружје“ на протестите во кои членовите на безбедносните сили употребија солзавец и гумени куршуми врз демонстрантите. Невладината организација, исто така, соопшти за 177 приведени луѓе низ целата земја. зш/
фото ЕПА

Остани поврзан