• четврток, 26 декември 2024

НБ: Во првиот квартал од годинава вкупните средства на ОФИ се зголемија за 2 отсто на квартално и за 15,4 отсто на годишно ниво

НБ: Во првиот квартал од годинава вкупните средства на ОФИ се зголемија за 2 отсто на квартално и за 15,4 отсто на годишно ниво
Скопје, 31 мај 2022 (МИА) - Во првиот квартал од 2022 година вкупните средства на останатите финансиски институции (ОФИ) достигнаа ниво од 168,858 милиони денари, што претставува квартален раст од 3,267 милиони денари. Најголем дел од средствата на ОФИ им припаѓаат на пензиските фондови и на осигурителните друштва, со учество од 65,3 и 18 отсто, информира Народната банка (НБ). Како што посочуваат, најзначајни инструменти на страната на средствата на ОФИ се вложувањата во должнички и сопственички хартии од вредност со учество од 49,1 и 25,8 отсто, како и вложувањата во валути и депозити со учество од 11,5 отсто. Анализирано на страната на обврските на ОФИ, најголемиот дел се однесуваат на обврските врз основа на техничките резерви на осигурување  и капиталните сметки  со учество од 55,7 и 35,4 отсто. - Во првиот квартал од 2022 година вкупните средства на ОФИ се зголемија за 2 отсто на квартално ниво и за 15,4 отсто на годишно ниво. Најголем придонес кон растот по двете основи имаат повисоките средства на пензиските фондови, при позитивни движења забележани и кај средствата на останатите потсектори. Од аспект на инструментите, на страната на средствата, кварталниот раст главно се должи на зголемените вложувања во должнички хартии од вредност, најголем дел државни должнички хартии од вредност во денари, соопшти НБ. Вложувањата во должнички хартии од вредност, се додава во соопштението, се и главен носител на годишниот раст, при дополнителен позитивен придонес и на сопственичките хартии од вредност. На страната на обврските, кварталниот раст во најголем дел произлегува од зголемените технички резерви на осигурување, при раст и на останатите обврски, а во услови на забележан пад кај капиталните сметки. Годишниот раст во најголем дел е резултат на повисоките технички резерви на осигурување, како и на капиталните сметки. - Вкупните средства на пензиските фондови - задолжителни и доброволни, во првиот квартал на 2022 година, бележат квартално зголемување од 1,5 и годишно од 16,3 отсто. Должничките хартии од вредност имаат поизразен придонес кон растот по двете основи, при дополнителен позитивен придонес кон годишната промена и на сопственичките хартии од вредност. Надолни движења на квартална основа се забележани кај останатите побарувања, а на годишна основа кај валутите и депозитите на пензиските фондови. На страната на обврските, кварталниот раст е резултат на зголемените технички резерви, во услови на забележан пад на капиталните сметки, велат од НБ Годишниот раст, додаваат, главно произлегува од техничките резервите на осигурување, при дополнителен позитивен придонес и на повисоките капитални сметки. - Средствата на осигурителните друштва, во првиот квартал на годината, се зголемија за 3,4 отсто на квартално ниво. Нагорната промена, во најголем дел е резултат на останатите побарувања, а позитивно влијание имаа и останатите инструменти, со исклучок на сопственичките хартии од вредност, коишто остварија пад. Годишниот раст од 9,9 отсто главно се должи на повисоките вложувања во државни должнички хартии од вредност, при позитивен придонес и на останатите побарувања и вложувањата во сопственички хартии од вредност, истакнуваат од НБ По три квартали намалување, овој квартал, потенцираат, валутите и депозитите на осигурителните друштва бележат позитивни остварувања на годишна основа. -На страната на обврските, растот на квартална основа е одраз на речиси еднаквиот прираст на останатите обврски и на техничките резерви на осигурување, при забележан пад на капиталните сметки. Растот на годишно ниво во најголем дел се објаснува со техничките резерви на осигурување, а во помала мера и со капиталните сметки, прецизираат од НБ. Посочуваат дека вкупните средства на инвестициските фондови, во првиот квартал, бележат мал квартален раст од 0,8 отсто, под влијание на валутите и депозитите, како и вложувањата во сопственички хартии од вредност, а во услови на остварен пад кај вложувањата во странски должнички хартии од вредност. -Споредено на годишна основа, средствата на инвестициските фондови се повисоки за 21,1 отсто, пред сѐ поради зголемените вложувања во сопственички хартии од вредност на нерезиденти, при помал, но позитивен придонес и на валутите и депозитите. На страната на обврските, промената на квартална основа во најголем дел се должи на растот кај останатите обврски, додека годишната промена речиси во целост произлегува од зголемените капитални сметки, истакнуваат од НБ. Како што посочуваат, во првиот квартал вкупните средства на другите ОФИ бележат квартално зголемување од 3,3 и годишно од 16,8 отсто. -Вкупната кредитна активност на финансиските друштва и друштвата за лизинг, на крајот на првиот квартал од 2022 година, изнесува 11,596 милиони денари, од кои 6,502 милиона денари се на финансиските друштва, а 5,095 милиони денари на друштвата за лизинг. Кварталната стапка на раст на кредитите на овие два сектора изнесува 1,8 отсто, а годишната 19,3 отсто, во најголем дел поради зголеменото кредитирање на финансиските друштва. На страната на обврските, најголем придонес кон кварталниот раст имаат останатите обврски и обврските врз основа на кредити. Годишното зголемување е одраз на сите компоненти: обврските врз основ на кредити, капиталните сметки и останатите обврски, поизразено кај кредитите, потенцираат од НБ.вј/лв/

Остани поврзан