• понеделник, 16 декември 2024

На средба на Герасимовски со амбасадорот на Казахстан, Буршаков, претставени можностите за културна соработка

На средба на Герасимовски со амбасадорот на Казахстан, Буршаков, претставени можностите за културна соработка

Скопје, 30 јули 2024 (МИА) - Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски денеска одржал средба со амбасадорот на Казахстан во Северна Македонија,Сатибалди Буршаков, на која разговарале за потенцијалните можности за соработка.

Како новоформирана, Амбасадата на Казахстан, како што соопштија од Општина Центар,  ќе ги отвори можностите за поблиското запознавање со начинот на функционирање на двете земји и на градските општини што ќе придонесе да се истражат начините за заедничка соработка.

- Зацврстувањето на дипломатските односи со Казахстан значи подобрување на соработка на државно ниво, но и можности за реализација на заеднички проекти и на локално ниво, истакнал Герасимовски на средбата.

Градоначалникот и амбасадорот разговарале и за можностите за збратимување на Општина Центар со општини од казахстанските градови. Ваквата соработка, потенцирале соговорниците, ќе ги зближи двете земји и ќе придонесе за подобра промоција и запознавање на граѓаните со културата и традицијата што тие ги негуваат. Покрај тоа, Герасимовски и Буршаков, разговарале и за потенцијалите за економска соработка.

Герасимовски и Буршаков по завршување на средбата размениле и протоколарни подароци за добредојде. цр/ац/



Фото: Општина Центар

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан