• четврток, 30 јануари 2025

На северот на Газа се вратија над 300.000 раселени Палестинци

На северот на Газа се вратија над 300.000 раселени Палестинци

Газа, 28 јануари 2025 (МИА) – Над 300.000 раселени Палестинци се вратија на северот на Појасот Газа, откако израелската армија вчераутро го одобри нивното враќање, соопшти канцеларијата за медиуми во Газа, пренесе Ал Џезира.

Враќањето беше одложено за 48 часа откако Израел ја обвини палестинската милитантна група Хамас дека ги прекршила условите од договорот за прекин на огнот со тоа што не го ослободила заложникот Арбел Јехуд.

Хамас претходно денеска потврди дека до крајот на оваа недела ќе ослободи вкупно шест израелски заложници, вклучувајќи го и Јехуд.

Прекинот на огнот меѓу Израел и Хамас стапи на сила на 19 јануари.сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан