Израелските авиони сè уште напаѓаат нуклеарни постројки низ Иран, соопшти армијата
- Израелската војска соопшти дека нивните борбени авиони се уште вршат напади врз иранските воени и нуклеарни објекти откако Израел утринава започна бран напади врз цели во Иран.
Тел Авив, 13 јуни 2025 (МИА) - Израелската војска соопшти дека нивните борбени авиони се уште вршат напади врз иранските воени и нуклеарни објекти откако Израел утринава започна бран напади врз цели во Иран.
-Нашите пилоти нападнаа и се уште напаѓаат воени цели и цели поврзани со нуклеарната програма во различни области во Иран, изјави портпаролот на војската, бригаден генерал Ефи Дефрин. мс/
фото: МИА архива