• петок, 08 ноември 2024

На руски новинар одбиена акредитацијата за следење на Параолимписките игри во Париз

На руски новинар одбиена акредитацијата за следење на Параолимписките игри во Париз

Париз, 24 август 2024 (МИА) – На новинар на руската новинска агенција РИА Новости, чие име не се соопштува, поради безбедносни причини е  одбиена акредитацијата за Параолимписките игри во Париз, соопшти француското Министерство за надворешни работи.

„Секое лице кое бара акредитација за (Олимписките и Параолимписките) игри во Париз 2024 година е предмет на административна безбедносна истрага“, рече портпаролот на министерството Кристоф Лемоан, објави Фигаро.

Тој додаде дека на крајот од таа постапка било одлучено да не се додели акредитација на дотичниот новинар.

Француската дипломатија објави дека „таква процедура е предвидена со француското законодавство и важи и за новинарите“.

За време на Олимписките игри, од 26 јули до 11 август, на четворица новинари од руската новинска агенција ТАСС им беше одземена акредитацијата.

На Русија и е забрането учество на ОИ и на Параолимпијадата во 2024 година поради војната во Украина. Само 15 руски спортисти беа акредитирани да се натпреваруваат на Олимписките игри, но со неутрален статус.зш/

Остани поврзан