• сабота, 23 ноември 2024

На полноќ истекува рокот за пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај

На полноќ истекува рокот за пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај

Скопје, 30 април 2024 (МИА) – На полноќ истекува рокот за пријавување на избирачите кои се болни или немоќни за да може да бидат посетени во своите домови на 7 мај и да гласаат на парламентарните избори.

Пријавувањето е во Општинските изборни комисии и се однесува само за парламентарните избори, додека прифатените барања на болните и немоќни лица за гласање на претседателските избори на 24 април се важечки и за вториот круг од претседателските избори.

-Избирачот кој не е во можност да гласа на гласачкото место (немоќно или болно лице), а сака да гласа за тоа ќе ја извести ОИК најдоцна 7 дена пред денот определен за гласање односно до 30 април на полноќ, стои во Роковникот за парламентарните избори на Државната изборна комисија.

За лицата кои се болни или немоќни а сакаат да гласаат исто така до ОИК треба да биде доставена соодвтена медицинска документација.

На 4 мај истекува рокот за барања за гласање на лица кои се во домашен притвор.

Болните и немоќните, затворениците, лицата во домашен притвор и лицата во старските домови гласаат еден ден пред изборите и тоа на 7 мај. аа/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан