• среда, 27 ноември 2024

На подрачјето на СВР Тетово 188 казни за брзо возење

На подрачјето на СВР Тетово 188 казни за брзо возење

Скопје, 1 април 2024 (МИА) - На подрачјето на СВР Тетово вчера од 8 до 23 часот  во акциска контрола за санкционирање возачи што возат побрзо од дозволеното биле откриени и казнети 188 пречекорувања на максимално дозволената брзина.

Како што информира МВР, 132 од нив се  регистрирани  надвор од населено место (Тетово 65 и Гостивар 67). Дванаесет возачи (Тетово - седум и Гостивар - пет) пречекориле за над 70 километри на час, а 27 возачи (Тетово - 14 и Гостивар -13) за над 50 километри на час повеќе од дозволеното.  

-При контролата, исто така, санкционирани се и 56 пречекорувања на пропишаната брзина во населено место (Тетово - 48 и Гостивар - осум), од кои двјца возачи во Тетово пречекориле со брзина од над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Санкционирани се и 12 други видови сообраќајни прекршоци - во Тетово - осум и во Гостивар - четири.  На возачите прекршители изготвени им се предвидените поднесоци, соопшти Министерството за внатрешни работи. хс/дма/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан