На Охридското Езеро викендов ќе се одржува третата Меѓународна едриличарска регата
- Во организација на Здружението за спортско едрење „Акватика Јахтинг“ од Охрид, а поддржано од Едриличарската федерација на Македонија и Општина Охрид, денеска и утре на Охридското Езеро ќе се одржува Третата меѓународна едриличарска регата „International Ohrid Sailing Regatta“.

Охрид, 16 септември 2023 (МИА) – Во организација на Здружението за спортско едрење „Акватика Јахтинг“ од Охрид, а поддржано од Едриличарската федерација на Македонија и Општина Охрид, денеска и утре на Охридското Езеро ќе се одржува Третата меѓународна едриличарска регата „International Ohrid Sailing Regatta“.
На регатата ќе учествуваат едриличарските клубови „Палиќ“, „Металац“ и „Смедерево“ од Србија, „Централен Софиски Јахт клуб“ од Бугарија, „GKZ“ од Полска и нашите клубови „Снегар“ и „Акватика Јахтинг“. Се уште не е познато дали ќе се појават најавените учесници од Црна Гора и Грција.
Натпреварите ќе се одвиваат во три категории и тоа класите „Оптимист“, „ILCA 4“ и „класата 470“, на регатното поле на потегот меѓу Градското пристаниште, Канео и Горица 1. аб/лв/
фото/МИА архива