• понеделник, 16 декември 2024

На ИФАД „Стоби“ 2024 одиграна унгарската претстава „Пенелопиада“

На ИФАД „Стоби“ 2024 одиграна унгарската претстава „Пенелопиада“

Велес, 2 октомври 2024 (МИА) - Претставата „Пенелопиада“ во продукција на „Театар Маладип“ од Унгарија синоќа беше изведена на малата сцена „Борис Бегинов“ на велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ како дел од официјалната програма за една оа наградите на Интернационалниот фестивал на античка  драма „Стоби“ 2024.

Вечерва во 20 часот на големата сцена „Петре Прличко“ на велешкиот театар фестивалската програма продолжува со претставата „МИР“ во продукција на „Театар Идиоти“ од Јужна Кореја.

Античката драма „Монолози и сцени“ во режија на Роберт Вељановски и Теа Беговска на Универзитет за аудиовизуелни уметности „Еуропа Прима“ е единствената претстава што на годинешното издание на фестивалот „Стоби“ која е селектирана во OFF програмата. Оваа претстава на репертоарот на фестивалот е во петок, на 4 октомври.

Наредната вечер, на 5 октомври, ќе биде прикажана претставата „Едип и Пророците“ во режија на Диана Добрева на Драмски театар Пловдив, од Бугарија.

Инаку, 21-то издане на ИФАД „Стоби“ 2024 свечено ќе биде затворен на 10 октомври кога ќе бидат доделени и традиционалните награди  на фестивало Гран При  за најдобра претстава, наградата за режија и наградите за најдобра  женска и машка улога. Годинава фестивалското жири е во состав Владимир Милчин кој е претседател и Маја Љутков и Ненад Витанов, членови.

Фестивалот ќе биде затворен со целовечерен концерт на Ансамблот „Танец“ со програма „75 години Македонски КОД“. ад/сст/

 

 
Фото од велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“

Остани поврзан