• четврток, 07 ноември 2024
На денешен ден
14 јануари 2020 (МИА) 1742.- Во Лондон умрел Едмунд Халеј, англиски астроном и геофизичар. Меѓу другото, прв открил дека ѕвездите се движат. Најмногу набљудувана и најпозната е според него наречената Халеова комета. Роден бил во 1659 година. 1784.- САД го ратификувале мировниот договор со Велика Британија, со што и формално завршила Американската војна за независност. 1809.- Британија и Шпанија склучиле сојуз против францускиот цар Наполеон I. 1839.- Во Штип е роден Јосиф Ковачев, учител, педагог, основоположник на современото школство во Македонија, еден од најобразованите луѓе во Македонија во тоа време. Умрел во Софија, на 31 декември 1898 година. 1875.- Во Кајзерберг, Франција, е роден Алберт Швајцер, познат хуманист, лекар, филозоф, теолог и музичар. Од 1913 година работел како лекар-мисионер во организирањето на здравствената служба во Екваторијална Африка. Во 1952 година ја добил Нобеловата награда за мир. Умрел во Ламберане, денешен Габон, на 4 септември 1965 година. 1881.- Во Кукуш е роден Милан Стоилов, македонски револуционер, еден од основачите и секретар на Македонското научно-литературно другарство во Санкт Петербург, член на Тајниот македонско-одрински кружок и учесник во Илинденското востание. Загинал во селото Витошево, Кочанско, во борба против турската војска, на 6 септември 1903 година. 1898.- Умрел англискиот писател и математичар Луис Керол. Дела: „Алиса во земјата на чудата“, „Низ огледало“. 1907.- Земјотресот кој го разорил Кингстон на Јамајка усмртил околу илјада луѓе. 1914.- Хенри Форд, "крал на американската автомобилска индустрија", ја пуштил во работа првата бескрајна производна лента. Тоа значело пресвртница, бидејќи го забрзало производството на автомобили и придонесло за големо намалување на нивната цена. 1914.- Во селото Долени, Костурско, е роден Паскал Паскалевски, македонски револуционер, писател, новинар и учесник во Граѓанската војна во Грција (1945 - 1949). Автор бил на стихозбирките „Пролет над Егеј“, „Народни песни од Егејска Македонија“ и други. Умрел во Скопје, во 2003 година. 1925.- Роден е јапонскиот писател Јукио Мишимо. Дела: романите „Исповед на една маска“, „Шумот на брановите“, „Златен павиљон“, „После банкетот“, „Морнарот кој го изневери морето“, драмата „Пет модерни `no` игри“. 1932.- Во селото Присовјани, Струшко, е роден Јован Котески, македонски поет. Бил претседател на Советот на Струшките вечери на поезијата. Во 1985 година, во ситуација што подоцна ја опишува како кафкијанска, е уапсен во својот дом во Скопје и осуден на петгодишна робија. Обвинувањето го товари за илегално работење на уривањето на Југословенската Федерација и за создавање независна македонска држава. За време на судењето, еден од обвинителите, за Котески барал казна затвор од 20 години. Припаѓал на последната група политички затвореници-интелектуалци во поранешната југословенска федерација. Додека бил во затвор, сите збирки поезија на Котески биле повлечени од книжарниците и од библиотеките. Меѓу неговите дела најпознати се: „Земја и страст“, „Насмевка пред зорите“ (1958), „Злодоба“ (1963),  „Сенки“ (1972), „Хераклеја“ (1978), „Поморија“ (1981), „Бденија и сновиденија“ (1982), „Тапија“ (1985), „Живожарица“ (1990), „Сончева белегија“ (1990),„Злодоба“ (1992), „Решетки“ (1996), „Одрон“ (1998), „Разор“ (1999). Умрел во Скопје, на 12 јули 2001 година. 1957.- Умрел американскиот филмски актер Хемфри Дефорест Богарт, добитник на Оскар во 1951 година за филмот „Африканска кралица“. Филмови: „Казабланка“, „Малтешкиот сокол“, „Длабок сон“, „Богатството на Сиера Мадре“, „Р`тот Ларго“, „Да се има и да се нема“, „Босоногата контеса“, „Тежок пад“. 1969.- Во СССР биле лансирани во вселената бродовите "Сојуз-4" и "Сојуз-5" и за првпат во историјата е формирана експериментална вселенска станица. 1977.- Умрел англискиот државник Роберт Ентони Идн, премиер на Велика Британија од 1955 до 1957 година и во неколку мандати шеф на дипломатијата. Поднесол оставка во јануари во 1957 година по неуспехот на британско-француско-израелската агресија врз Египет во октомври 1956 година. 1986.- Во Холивуд умрела Дона Рид, американска филмска и телевизиска актерка. Во 1958 година ја добила наградата "Оскар" за улогата на девојка за забава во познатиот воен филм "Од овде до вечноста". Родена била во 1922 година. 1989.- На магинстралниот пат Охрид - Кичево, во близина на месноста Лавчанско Рачиште, во сообраќајна несреќа загинала Цветанка Трпкова, долгогодишен член на Драмското судио на Радио Скопје, автор на повеќе драмски текстови, режисер и толкувач на улоги во голем број радио-драми. Родена била во Прилеп, во 1939 година. 1994.- Фудбалскиот сојуз на Македонија станал придружен член на Европската фудбалска унија. 2000.- Умрел Томислав Зографски, македонски музички творец, композитор, професор и публицист. Роден бил во Велес, на 29 март 1934 година. 2005.- По седумгодишното патување европската сонда „Хајгенс“ успеала да се спушти на Сатурновата месечина Титан и да ги испрати првите фотографии во контролата на летање во Дармштат. 2006.- Умрел американската актерка Шели Винтерс, добитничка на Оскар на Американската филмска академија за споредни улоги во филмовите „Дневникот на Ана Франк“ и "A Patch of Blue". Филмови: „Морнаров одмор“, „Вечерва и сите ноќи“, „Црвена река“, „Место под сонцето“, „Лолита“. 2016.- Во 73-та година од животот почина Рене Анжели, сопругот и менаџер на познатата канадска пејачка Селин Дион. Анжели, кој ја открил Дион е заслужен за нејзината успешна кариера со која бил во брак од 1994 година. ###

Остани поврзан